23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Поради ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е во целосен хаос

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ функционирањето на Град Скопје е во целосен хаос, оценуваат од владејачкиот СДСМ.

Добивај вести на вибер
Не само што нема нови проекти, додаваат од оваа партија, туку не се реализираат ниту наследените проекти кои се во поодмината фаза, а за чија реализација се обезбедени средства.

„Не се реконструира Универзална сала, не се довршува изградбата на мостовите во Карпош и Аеродром, нема реализација на клучката кај Момин Поток, а во првата година од мандатот не е започнат ниту еден нов капитален проект. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска, за првпат во историјата Скопје остана без јавен автобуски превоз. ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е прекинат, а вториот приватен превозник два дена не вози затоа што не му се исплатени долговите“, се потенцира во соопштението на СДСМ.

Според оваа партија, никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ја нема ниту фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ја најавуваше.

„По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема“, се додава во писмената реакција.