Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

„Што кажуваат фактите и каква е реалноста во Виница?“, праша вечерва Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ откога кажа дека тој нема што да каже, ниту еден проект кој го подобрил животот на граѓаните во Виница.

„Ќе беше добро да имам што да кажам дека направил градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години, барем нешто со што ви го подобрил и олеснил животот, за да не помисли повторно Мицкоски дека го мразам. Но, во Виница денес ништо нема од тоа што се ветувало. Нема спа-центар во село Истибања, нема туристичка викенд-населба на Плачковица, нема локален пат Трсино – Голак, нема нова индустриска зона во Поповец, нема нов булевар, нов локален пат, индустриска зона – апсолутно ништо, никаков проект“, рече претседателот Филипче.

Наместо развој, рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска Виница има јавни претпријатија кои тонат во долгови и град полн со смет, повисоки комунални давачки и повисоки стапки за данок на имот.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК