Со добро менаџирање, но и со визија за развој и секако со поддршка и услови за работа обезбедени од државата, нема недостижни цели, рече премиерот Димитар Ковачевски за време на посетата на компанијата Подгорка. Тој кажа дека оваа компанија од месната индустрија и во време на криза успешно се развива.
-Би сакал да му се заблагодарам на Мехмед, и на целата компанија, а особено на вработените што секојдневно напорно работат и ја развиваат компанијата. Почнале со 10, сега имаат над 50 вработени. Денес работат на домашниот пазар, а се спремни да го освојат и регионот. Ова е духот и посветеноста која ни се потребни, изјави премиерот.
Тој додаде дека Владата обезбедува услови за работа на компаниите, ги поддржува и тоа и е обврска.
-Ние сме тука секогаш за поддршка и како одговорна Влада, одговорно и менаџираме со буџетот. Токму со тој пристап ние изминатиов период можевме ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме два пакети антикризните мерки заштита на најранливите граѓани, во вредност од над 760 милиони евра. Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност на компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните фунции на државата, истакна Ковачевски.
Тој кажа дека со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената индустрија, Владата очекува да се намалат цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи за најмалку 10% и да се заштити стандардот на граѓаните.