23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Зајкова: Изјавите на Мицкоски околу Ванчо Михајлов се косат една со друга

Пратеничката на ЛДП и кандидатка за нов лидер на партијата, Моника Зајкова во изјава за „Локално“ вели дека „не ѝ е јасно како еднаш се осудува отворањето на клуб со такво име и провокација, а во исто време велат дека е континуитет на луѓе коишто биле извршители на Третиот рајх“.

Изјавата на Зајкова следува откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повтори неговиот став дека Ванчо Михајлов е дел од континуитет на партијата, за кој пак е познато дека соработувал со фашистичките и нацистички структури.

Тој посочи дека за некои работи не се согласува со тоа како соработникот на фашистите ја управувал таа партија или организација во тоа време, но смета дека тоа е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија.

-Едната изјава со другата се коси. Треба да се одлучат. Разбирам за наследството и товарот што го носат, но треба да бидат гласни дали го осудуваат чинот и бараат да се постапува согласно законот или остануваат на наследството со тоа минато. Нема доследноста во ставовите. Не знам што е целта што сакаат да ја постигнат, објаснува Зајкова.