12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Нов музички проект на Дино Милосављевиќ – LARTA: Fragments

Fragments е првиот самостоен албум на тапанарот Дино Милосављевиќ, издаден под проектниот наслов LARTA. Во проектот со свое авторско и изведувачко учество придонесуваат долгогодишните соработници Ѓоко Максимовски – бас, Васко Бојаџиски – саксофон и Владан Дробицки – тромбон, кој воедно се јавува и како продуцент на изданието.

Проектот LARTA: Fragments го брои 38. издание на етикетата PMG Jazz.

Дејан (Дино) Милосављевиќ е еден од најистакнатите тапанари во земјата и на Балканот. Активен е на музичката сцена од почетокот на 90те години. Бил дел од Влатко Стефановски Трио 19 години, и соработува со врвни и познати артисти како Калиопи, Кирил Џајковски, Стефан Миленковиќ, Теодосиј Спасов, Јан Акерман, Анастасија, Мугер Фугер, Стен Скиби, Раде Шербеџија, Бајага, Зоран Предин, Џибони, Владо Јаневски, Владимир Василевски – Четкар, Ласт Екпедишн, Каролина Гочева, Меморија, Игор Џамбазов бенд, Суперхикс и други. Неговото артистичко умеење особено доаѓа до израз на албумите на Sethstat, Kabadayas, Beneventan trio, Infuse и Алшар, проект на Никола Коџабашија. Дејан Милосављевиќ е еден од основачите на Skopje Drum Talks, првото здружение за едукација и поддршка на тапанари во Република Македонија кое веќе три години организира јавни настани поврзани со уметноста на овој инструмент.

Наскоро ќе следи промоција на изданието во Скопје. Снимањето на албумот е поддржано од Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Спонзорирано: