Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2022 за долгови доспеани до 31.07.2022 и неплатени до 31.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност иповисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Листата може да ја погледнете со клик тука, на веб сајтот на УЈП.