25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Дир: Гладоморот имаше цел да се уништи украинската нација, Кремљ продолжува геноцидната политика против Украина

Интервју на Civilmedia со Амбасадорката на Украина, Н. Е. Лариса Дир: Гладоморот имаше цел да се уништи украинската нација, Кремљ продолжува геноцидната политика против Украина.

Последната сабота од ноември, Украинците и прогресивниот свет го почитуваат споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина. Можете ли да ни раскажете малку повеќе за Гладоморот во Украина од 1932-1933 година?
ЛАРИСА ДИР: Гладоморот е геноцид на украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на комунистичкото раководство за создавање на вештачки глад во Украина во 1932-1933 година, како резултат на кој загинаа милиони луѓе.

На сталинистичкиот режим му беше потребно конечно да „да се вкорени“ на украинско тло.

Покорувањето со глад е сигурен инструмент за терор и убиство. Искоренување на општествените основи на независноста, украинската државна мисла и ограничување на кое било изразување на волја за слободата на развој на украинската нација – беа главните цели на тоталитарниот режим.

За да разберете дека Гладоморот од 1932-1933 година во Украина беше една од компонентите на советската крвава машинерија, доволно е да го прочитате говорот од 1953 год. (подоцна статија) на светски познатиот адвокат Рафаел Лемкин насловен „Советскиот геноцид во Украина“, кој е еден од првите експерти во областа на меѓународното право. Тој своевремено направи анализа на злосторствата на сталинистичкиот режим врз Украинците и ги наведе главните „чекори“ на систематското уништување на украинската нација.

Кои се главните „чекори“ на советскиот геноцид во Украина?
ЛАРИСА ДИР: Да ги цитираме накратко.

Чекор бр. 1: Ударот беше насочен кон интелигенцијата – мозокот на нацијата, за да се парализира остатокот од организмот. Во периодите од 1920 до 1926 година и од 1930 до 1933 година беа убиени или затворени и депортирани наставници, писатели, уметници, политички личности.

Чекор бр. 2: Напад на украинската црква – душата на нацијата, свештениците и високото свештенство беа или застрелани или затворани. Беше ликвидирана Украинската Автокефална Православна црква.

Чекор бр. 3: Гладувањето беше насочено кон земјоделците. Оружјето што беше употребено против нив беше гладот.

Чекор бр. 4. Во позадината на сите процеси беше фрагментацијата на украинскиот народ по пат на населување на туѓинци во Украина и дисперзија на Украинците низ Источна Европа, уништувајќи го на тој начин етничкото единство.

Накратко, се работеше на систематско истребување на украинската нација.

Целото интервју прочитајте го на Civilmedia.mk