16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Приоритет сега е брзо ефектуирање на антикризните мерки

Премиерот Димитар Ковачевски, на специјалната прес-конференција посветена на справувањето со енергетската криза потсети дека 42 илјади граѓани од најранливите категории ќе добиваат директна финансиска помош, исто како и 330 илјади пензионери, кои освен зголемените пензии, дел од нив, кои се со најниски пензии, ќе добиваат шест илјади денари поддршка.

-Приоритет ни е брзо ефектуирање на мерките кои ги носиме за да има резултати. Работиме одговорно, рациоонално и ги кратиме непродуктивните трошоци се со цел да се избориме со оваа криза, рече Ковачевски.

Говорејќи за работата на ЕСМ, премиерот истакна дека производството на ЕСМ е зголемено за 25% и доколку се погледнат бројките се забележува дека регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи имаат стопроцентно задоволување на потребите од ЕСМ.

-Иако ЕСМ работи со многу стара технологија. РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј имаат технологија од Југославија и во тоа можете сите да се уверите, рече Ковачевски, додавајќи дека досега не бил потребен увоз на електрична енергија за регулираниот пазар.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ДО ДОЖД КОИ ЌЕ БИДАТ ПООБИЛНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

ДЕСК

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК