26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАИЗБОР

Африм Гаши: Нема да условуваме, ќе дадеме поддршка за евроинтеграциите на земјава

Првиот човек на на Алтернатива, Африм Гаши пред денешната лидерска средба истакна дека нема да поставува никакви услови.

– На средбата ние ќе побараме во Уставот да влезе амадманот за незастарување на корупциските дела на функционерите. Алтернатива не е партија која условува, и се залагаме уцените и условувањата повеќе да не бидат начин на дејствување во политиката – изјави Гаши.

Тој повтори дека Алтернатива 100 отсто ќе даде поддршка на евроинтеграција.