23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Благодарам Кавадарци за силната поддршка!

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Благодарам Кавадарци за силната поддршка! Преполната сала е силна порака која што заедно ја упативме вечерва – СДСМ е печатот на македонската европска идеја.

Европската Унија не е целосна без Северна Македонија. Со гордост пред вас зборувам за мојата визија за европската иднината на државата, затоа што со посветена работа, навреме обезбедивме безбедносна и економска стабилност и извесност и стоиме рамо до рамо со сите наши европски партнери.

По повеќе од една деценија застој, забрзано се движиме кон остварување нашите цели. Европскиот пат нема да е лесен, но ако се има сила, визија и одлучност, тој пат ќе се изоди, а на крајот ќе е големата награда – членство во ЕУ, подобар живот за нашите граѓани, за нашите млади во европска држава, тука дома.

Работата оди веќе напред и секој ден ги гледаме успесите на нашата држава, која до пред 5 години беше изолирана и со отворени конфликти дома, а сега е земја без отворени прашања, земја депозитар на Договорите кои ги потпишавме со сите земји од Западен Балкан бидејќи сме земја која во моментов е најстабилната држава на Балканот.

Почитувани граѓани, ми треба вашата поддршка, со заеднички сили да ја поставиме земјата на вистинскиот пат и да ја обезбедиме иднината што ја заслужува, што ја заслужуваме сите ние, што ја заслужуваат нашите деца и идните генерации!

Затоа, продолжуваме заедно, силно и одлучно кон иднината!