23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕКУЈНА

Лекарите тврдат: Ова е храна која подмладува, го намалува ризикот од рана смрт и срцеви заболувања

Се подразбира дека она што го јадете има значително влијание врз вашето здравје и изглед. Една диета особено може да ви помогне да изгледате и да се чувствувате помлади.

Универзитетот во Тексас докажа дека микробиомите значително влијаат на расположението и изгледот на една личност. Истражувањето е всушност доказ за познатата изрека „Ти си тоа што го јадеш“.

Нутриционистот Лорен Манакер рече дека медитеранската исхрана им помага на луѓето да изгледаат помлади и да се чувствуваат подобро во сопствената кожа. Зошто е така? Оваа диета, меѓу другото, го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од дијабетес.

„Ова не е диета наменета за брзо слабеење. Таа првенствено спречува срцеви заболувања и рана смрт“, додаде таа.

Со конзумирање цели зрна, семки, јаткасти плодови, зеленчук и овошје, ќе го опоравите вашето тело.

„Овие здрава храна ќе ја спречат појавата на оксидативен стрес и на тој начин ќе придонесат за младешки изглед и ќе го подобрат вашето здравје“, вели таа.