22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Зимско сметање на времето – стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад

Зимското сметање на времето се враќа ноќва меѓу сабота и недела на 30 октомври.

Ноќта меѓу сабота и недела часовниците треба да се вратат еден час назад, бидејќи завршува летното сметање на времето.

Летното сметање на времето започна во недела, на 27 март, кога часовниците се поместија еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот.

Компјутерите, мобилните телефони и другите модерни уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето, но доколку сè уште имате некој аналоген покажувач на времето или некој постар уред што „не може“ да го направи тоа автоматски, не заборавајте да ги поместите стрелките еден час наназад, од 3 на 2 часот.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК