13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Потонаа сите лаги на Мицкоски, Фронтекс потпишан на македонски јазик

Потонаа сите бескрупулозни лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека македонскиот јазик ќе се брише, дека нема да се именува македонски, дека секогаш ќе има некаква фуснота или додавка. Залудно ги плашеа граѓаните и внесуваа страв и несигурност. Македонскиот јазик е признаен и заштитен, со чиста формулација, на исто рамниште со другите јазици на Европската унија, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата велат дека договорот Фронтекс е потпишан во Скопје, на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, без додавки и забелешки, во присуство на еврокомесарката Урсула фон дер Лајен и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Ова е првиот официјален договор потпишан со ЕУ на кој стои чист македонски јазик, на рамноправно ниво, заедно со сите други јазици во Унијата.

Граѓаните уште еднаш се уверија дека СДСМ ја пишува историјата, како веродостоен партнер кој ја носи државата на европски пат. ВМРО-ДПМНЕ останува антиевропска партија, која се обидува со лаги и манипулации да всее страв и несигурност, да ја поткопа довербата во институциите и вербата во Европа, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +