Во пет скопски училишта наставата е прекината, а присутните се евакуирани откако на нивните меил адреси пристигнале закани за поставена бомба.
Полицијата и натаму е на терен, движењето околу објектите е строго забрането и за луѓе и за возила, со што дополнително е создаден голем метеж низ Скопје.
– Во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба, информираше попладнево почицијата
– по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот, се вели во кусото соопштение на МВР.
Засега не е пронајдено ништо, но проверките продолжуваат.
Учениците и наставниците чекаат пред училиштата, но настава најверојатно денес во овие училишта ќе нема.
Вакви случаи со пријавени бомби изминативе месеци ја блокираа и Србија, а неодамна слични настани имаше во Босна и Хрватска. Сите пријави во соседните биле лажни, но имале ефект на исцрпување на безбедносните системи.