Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МИОА: Бараме ургентно од органите на прогонот и истражителите да го истражат и расветлат случајот до крај

Соопштение на МИОА:

Ние како Министерство за информатичко општество и администрација, одговорни за законите поврзани со медиумите, жестоко реагираме во врска со вчерашниот напад врз новинарот Зоран Божиновски.

Како земја која се залага за европски вредности и влез во Европската Унија, мораме да создадеме соодветна клима новинарите да ги извршуваат своите должности и функции без пречки. Ваквите напади врз медиумските работници не придонесуваат за развојот на демократијата и толеранцијата.

Бараме ургентно од органите на прогонот и истражителите да го истражат и расветлат случајот до крај.

Виновниците да ја добијат заслужената казна и ваквите случаи никогаш повеќе да не се повторат.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК