23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Дали луѓето кои ја имаат оваа крвна група живеат најдолго? Тие се поотпорни на рак и дијабетес, велат истражувањата

Истражувањата покажаа дека постојат одредени крвни групи кои се поотпорни на одредени болести, па овие луѓе живеат подолго и поздраво.

Имено, преку истражување, научниците утврдиле како крвната група може да влијае на целокупното здравје на една личност.

Научниците докажаа дека луѓето со крвна група А се помалку отпорни на маларија од другите крвни групи, па може да се каже дека крвната група А е „послаба“ од останатите.

Долгорочните студии утврдиле дека крвната група која доминира кај сите други е крвната група 0. Докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен удар и срцев удар, дека помалку имаат проблеми често од другите крвни групи со меморија, како и со помала веројатност да страдаат од одредени видови на рак, како што се ракот на панкреасот и ракот на желудникот. Поради тоа што организмот е поотпорен на болести, најдолго живеат луѓето со крвна група 0.

Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари се предизвикани од згрутчување на крвта. Дополнително, она што е добро за срцето е добро и за мозокот, така што многу фактори на ризик за кардиоваскуларни болести се исто така фактори на ризик за ментална болест.