13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Поместувањето на часовникот носи и проблеми: Можно е овие неколку работи да ви пречат

Се очекува одлука дали ќе преминеме на зимско или ќе останеме на летно сметање на времето, а многумина се прашуваат како менувањето на часовникот влијае на здравјето?

Менувањето на часовникот нема да создаде дополнителна дневна светлина, туку го поместува времето на изгрејсонце и зајдисонце, предизвикувајќи нарушувања во нашиот биоритам.

За некои, ова е само мала привремена непријатност, но за многумина сè уште предизвикува дополнителни негативни последици.

Некои студии покажаа дека, неколку дена по менувањето на часовникот, ризикот од срцев удар се зголемува, но главната и најширока последица е заморот кој влијае на многу аспекти од нашиот живот.

Меѓу најчестите нуспојави од поместувањето на часовникот е несоницата, која, покажаа истражувањата, најлесно паѓа на „ноќните птици“. Освен тоа, поместувањето на часовникот може да ја наруши хормоналната слика и да предизвика низа проблеми како главоболки, нервоза и депресија, но и да предизвика хроничен замор и чувствителност на временските промени.

Заморот може да ја намали продуктивноста и концентрацијата и да влијае на општата состојба на телото. Во крајна линија може да доведе до депресија, а докажан е и зголемен број на сообраќајни несреќи неколку дена по промената на часовите, што најверојатно е предизвикано од уморни и ненаспани возачи.

Иако сите овие последици кај повеќето луѓе поминуваат по неколку дена поместување на часовникот, зошто да не го олесните овој период и да ги избегнете тешкотиите во секојдневниот живот.

Совети за полесна транзиција на зимско сметање на времето

Поставете го алармот за будење 15 минути порано од вообичаеното неколку дена пред да се смени часовникот. Исто така, одете на прошетка. Сончевата светлина помага да се прилагоди биоритамот.

Осум часа сон нека ви биде приоритет, а наутро задолжително појадувајте нешто здраво.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Може да се појават здравствени проблеми: Загревањето храна во пластични садови е штетно

M T

Унгарскиот министер: Нè очекуваат нови проблеми ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан

M T

„Фејсбук“ повторно со проблеми, насекаде се појавуваат спам коментари на познати личности

M T

Есента е на прагот, а може да донесе големи проблеми за овие 3 хороскопски знаци

M T

Пецкање или слабо ракување: 10 проблеми со рацете и можни болести

M T

Произведувач на вакцини против коронавирус криел проблеми со квалитетот

M T