Изјава за медиуми, Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Аеродром
Почитувани,
Цела една година Тимчо Муцунски во Општина Аеродром не успеа да реализира ниту едно ветувањеод сопствената програма. Цела една година граѓаните во Аеродром се сведоци на лаги, манипулации и евтина пропаганда карактеристична за ВМРО-ДПМНЕ.
Ајде заедно да се потсетиме што ветуваа Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ на изборите пред точно една година и за што ја добија довербата од граѓаните.
4 нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче, од кои најмалкуеднатребаше да биде пуштена во употреба до крајот на 2022 година (стои на страница 9 од програмата на Муцунски).
Годината заврши нова градинка во Аеродром нема. Ни во Мичурин, ни во Острово, ни во Лисиче, ни во Долно Лисиче.
До крајот на 2022 требаше да има и нови содржини во градинките како што се терени за забавни друштвени игри, макети за мини градови, мини бина за сценски настани и многу други (страница 40 од програмата). Ништо и од ова ветување.
До крајот на 2022 година требаше да бидат завршени и сите постапки за легализација (страница 16 од програмата на Муцунски).
Реалноста е сосема спротивна – да не се лажеме,со ова темпо постапките за легализација нема да ги заврши ни до крајот на мандатот.
Формирање на енергетски фонд за реконструкција на фасадите на зградите во Аеродром, исто до крајот на 2022 година (страница 23 од програмата). Уште едно лажно ветување на Муцунски.
Еднократната помош за новороденче требаше да биде зголемена од 8.000 на 20.000 денари до крајот на 2022 година (страница 44). ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на СДСМ и коалицијата со кој се предвидуваа средства за оваа наменаво Буџетотза 2022 г.
Ништо и од стратегијата за млади која требаше да биде готова до крајот на 2022 година. Ништо и од спортските субвенции за младиво износ од 600 денари.
Затоа за една година Аеродром има точно 0 нови велосипедски и пешачки патеки, 0 нови улици, 0 нови мостови, 0 нови кружни текови, 0 од ветените 3.000 нови паркинг места и 0 од ветените 100.000 метри квадратни ново зеленило.
Многу ветувања за првата година и голема 0 за реализацијата на програмата.
Ако е ова новата иднина на Муцунски, доволно е. Лесно е да се ветува нова иднина, ама некој треба и да го одработи ветеното.
Ги повикуваме Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ да ги засукаат ракавите и конечно да почнат да работат.
Граѓаните очекуваат резултати. Граѓаните бараат реализација на овие ветувања.
Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ се должни да ја оправдаат добиената доверба од граѓаните.