24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Секој граѓанин има еднакви можности и пристап до сите ресурси

„Секој граѓанин треба да има еднакви можности и еднаков пристап до сите ресурси во општеството без разлика на неговите индивидуални карактеристики“ изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во интервју за Цивил.

Таа додаде дека во моментов се работи на подготвката на стратегијата за еднаквост и недискриминација во која што се вклучени претставници од сите релевантни институции и од граѓанските организации се со цел да се креираат политики и спроведуваат активности кои што навистина ќе даваат придонес кон спроведувањето на концептот „Едно општество за сите“.

„Концептот ‘Едно општество за сите’ е концепт кон кој сме посветени силно како Влада а особено како Министерство за труд и социјална политика каде што прашањето на креирање на политики од областа на еднаквоста и недискриминацијата е наша надлежност“ рече Тренчевска.

Министерката објасни дека носењето на Законот за заштита и спречување на дискриминација е заложба на Владата и Министерството за труд и социјална политика за да се обезбеди живот без дискриминација, почитување на различностите, бидејќи сите ние имаме карактеристики кои се различни, но општеството не смее да прави различности.