22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме за 36%

СДСМ за само пет години ги зголеми платите на вработените во основното и во средното образование за 36 проценти. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи платите на наставниците за само 4 отсто, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека од 2017 година платите во основното и средното образование се поголеми за повеќе од една третина. Само со последното покачување, од септември годинава, околу 32.500 вработени во основното и средното образование добиваат плата повисока за 15 отсто. Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.

СДСМ и во време на кризи, здравствена, економска, енергетска, вистински се грижи за учениците, наставниците и за образовниот систем, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот

M T

СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 36 отсто, ВМРО-ДПМНЕ само 4 отсто

M T

СДСМ: Почеток на учебната година со поголеми плати за наставниците и инвестиции во образованието

M T

СДСМ: Со одговорните политики, ребалансот на Буџетот е со заштеда од 200 милиони евра за поголеми плати и пензии

M T