22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Можеме ли да избегаме од стресот: Еве како тој влијае на вашето тело

Не можеме да избегаме од стресот, почнувајќи од утрото, кога ќе вклучиме телевизија, радио, кога проверуваме пошта, гледаме или доживееме нешто на пат кон работа, тогаш срцето ни чука посилно или работи побрзо.

Многу луѓе научија да се справуваат и да живеат со постојан стрес, но дали тоа навистина е опција? Хроничниот стрес е многу поголем здравствен проблем отколку што многу луѓе сфаќаат.

Неодамнешното истражување објавено во едно научно списание покажува дека емоционалниот и работниот притисок може да доведат до деменција или Алцхајмерова болест.

Хроничниот стрес е поврзан со низа физички и ментални состојби, вклучувајќи депресија, срцеви заболувања и дијабетес.

Извесно е дека за ова придонесе и пандемијата на коронавирус. Речиси половина од Американците мислат дека никогаш нема да закрепнат од стресот што го почувствувале поради пандемијата.

Новото истражување на мозокот направено во Институтот за човекови когнитивни науки Макс Планк нуди нова стратегија за намалување на хроничниот стрес за околу 25% по шест месеци.

Кога ќе го смириме умот, телото ќе се смири
Авторите на студијата наведуваат дека менталниот тренинг заснован на медитација може многу да помогне во намалувањето на долгорочниот хроничен стрес. Не е првпат медитацијата да се препорачува како одличен начин за опуштање.

Смирувањето на умот е исклучително тешко. Се препорачува да ги блокирате мислите неколку моменти. Истражувачкиот тим заклучува дека редовната медитација го намалува нивото на хормонот на стрес кортизол во косата.

По шест месеци, испитаниците забележале дека количината на кортизол во косата се намалила за околу 25%.

– Ако ве прашаат дали сте под стрес после тренинг за намалување на стресот, може да се појави плацебо ефект. Во истражувањето за внимателност, сè повеќе користиме физиолошки методи за попрецизно мерење на ефектот на намалување на стресот – објасни авторката на студијата Лара Пулман.

Кортизолот е еден од главните хормони кои се ослободуваат од телото кога сме под стрес, што ни помага да ја одржиме енергијата и будноста.

Меѓутоа, кога стресот станува постојан и хроничен, целиот кортизол што се пумпа низ телото завршува да се акумулира во косата. Едноставно кажано, колку повеќе кортизол имаме во косата, толку повеќе хроничен стрес имаме во нашите животи.

Долгорочна стратегија за уништување на стресот е медитацијата, која бара сериозна посветеност.

Можеби ќе ве интересира

12 дена јадела само банани: Еве што се случило со нејзиното тело

M T

Ставете ги слушалките и опуштете се: Омилената музика штити од стрес и „нездрава“ храна

M T

Еве што се случува со телото ако престанеме да јадеме шеќер 7 дена

M T

Јадел само леб и шунка 10 години: Она што почнало да му се случува на телото ги оставило лекарите без зборови

M T

Еве како да го научите вашето тело да се буди порано

M T

Еве што се случува во телото ако пешачите САМО ДВЕ МИНУТИ после оброк

M T