26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Инвестираме во инфраструктура и во услови на светска криза – 70 милиони евра за локални патишта

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод презентација на „Проектот за поврзување на локалните патишта”. На настанот свои обраќања имаа и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за внатрешни работи Оливер Спасовски, а свое видео обраќање имаше и Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска Банка во земјава.

Премиерот Ковачевски истакна дека преку овој проект, со 70 милиони евра обезбедуваме подобра инфраструктура и ги реконструираме локалните улици и патишта во сите 80 општини низ државата и Град Скопје.

„Ова е најкрупниот и најзначајниот проект за општините, каде со директна помош се подобрува инфраструктурата на локално ниво. Проектот се реализира од 2020 година и до сега се опфатени над 90 улици во 44 општини. Согласно планот, вкупно за реконструкција се планирани околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини, до 2024 година. Еден од стратешките приоритети на Владата е развој на функционална, безбедна и одржлива инфраструктура како клучен фактор за создавање рамнотежа во економијата и во општествениот и регионален развој, заштита на животната средина и подобрување на конкурентноста во државата. Развиена локална инфраструктура, значи и развиена економија. Со овој проект обезбедуваме подобра инфраструктура во општините, го олеснуваме животот на граѓаните, го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните. Општините добиваат неповратни средства што е од огромна корист за нив да се реконструираат улици и патишта кои се приоритетни за граѓаните“, рече Ковачевски.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека само преку пет поголеми проекти, меѓу кои и „Проектот за поврзување на локалните патишта“, инвестирани се над 250 милиони евра во општините.

Министерот Бочварски рече дека инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење за економскиот раст и развој на државата.

„Посебно ако тие директно се насочени кон општините заради локален економски развој но и подобрување на урбаното живеење на граѓаните. Во овој период посетив голем број на општини, остварив средби со градоначалниците, граѓаните и општинската администрација и секаде ги имавме истите предизвици, а тоа е реализација на крупни проекти во општините за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Сите се согласуваме со оправданоста и целта на овој проект. Рехабилитацијата на локалната патна мрежа верувам дека ќе се сложите, е прв и основен приоритет за граѓаните, за економијата, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Токму преку овој проект ги нудиме и ги обезбедуваме сите овие приоритети.

Особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општините и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата”, рече Бочварски.

Министерот Спасовски истакна дека за МВР, како непосредно практично инволвирана институција во делот на безбедноста на сообраќајот и тоа како е важно прашањето за квалитетно управување со безбедноста на патишта и подобрувања на капацитетот за управување со безбедноста на патишта на ниво на општините, односно локалните заедници.

„Секако дека подобрувањето на квалитетот на патната инфраструктура и нејзиното стручно инкорпорирање во севкупната сообраќајна мрежа без дилема гарантира услови за севкупно подобрување на безбедноста во сообраќајот, што е од огромно значење од аспект на полициското работење, допирајќи го и најчувствителното прашање од аспект на полицијата – заштитата на материјалните добра и сигурноста на граѓаните во сообраќајот“, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека МВР е целосно на располагање за овој капитален проект со своја стручна помош, согледувања, анализи, статистички показатели од доменот на својата работа, што ќе најдат свое место во успешната реализација на проектот, имајќи превид дека безбедноста во сообраќајот е еден општ институционален интерес ‘пар екселанс’, и од аспект на спасување на човечки животи, како приоритет над сите приоритети, така анулирање на сите оние финансиски импликации кои што можат да бидат огромни доколку постојано не се инсистира на континуирано надградување на безбедносните стандарди во сообраќајот”, рече Спасовски.

Масимилијано Паолучи од Светска Банка во своето видео обраќање, истакна дека Северна Македонија прави сериозни напори за подобрување на локалните патишта. Зборуваше за важноста на проектот и зајакнување на капацитетите за подобрување на локалната инфраструктура се со цел подобрување на животот на граѓаните на локално ниво.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Димитар Ковачевски предводи владина делегација во Обединети Арапски Емирати

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври

M T

Премиерот Ковачевски се сретна со раководството на Синдикатот на УКИМ

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T