Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

108 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +