23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Експертите ја решија дилемата: Дали е добро да се спие со чорапи кога е ладно

За спиењето со чорапи има спротивставени мислења, некои сметаат дека овој потег е лош за циркулацијата, додека новото истражување покажува нешто поинаку.

Мар Де Карло, експерт за спиење, верува дека има неколку придобивки од спиењето во чорапи во текот на зимата.

Чорапите можат да им помогнат на луѓето да заспијат побрзо и да спијат подолго поради процесот наречен дистална вазодилатација.

Одредени студии дошле до заклучок дека носењето чорапи во текот на ноќта додека спиеме го зголемува протокот и циркулацијата на крвта во овој дел од телото.

Едно истражување, кое опфатило помал број испитаници, покажало дека оние кои носеле чорапи заспале околу 7,5 минути побрзо, спиеле 32 минути подолго и се буделе 7,5 пати помалку во текот на ноќта од оние кои спиеле боси.

– Пониските температури на телото се поврзани со поспаност, а доказите сугерираат дека користењето чорапи или други методи за затоплување на стапалата може да ја намали телесната температура и да ни помогне да заспиеме побрзо – тврдат експертите.