Граѓаните на Северна Македонија предолго го чекаа овој момент, и јас разбирам зошто можеби се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој долг пат кон Европа. Но, ние немаме друга алтернатива која ќе ни овозможи подобар животен стандард. Забрзана интеграција во ЕУ е од клучна важност, рече во обраќањето на 77-то Генерално собрание на ООН во Њујорк, САД, премиерот Димитар Ковачевски.
„Водејки се од овие политики на мостови, преку функционална дипломатија, дијалог и разбирање, постигнавме остварување на стратешката цел – полноправно членство во НАТО и денес сме достоинствена членка на Алијансата. И по 17 години од добиениот кандидатски статус, ги почнавме преговорите со Европската унија. Од исклучителна важност за мојата земја е забрзаната интеграција во ЕУ и ние сериозно работиме на сите потребни чекори кон реализацијата и на оваа втора, државна, стратешка цел.„ рече премиерот Ковачевски.