Синоќа на 47 годишна возраст почина познатиот македонски ракометен тренер Андон Бошковски.
„Со длабока тага и неверување Ве информираме дека ненадејно почина Андон Бошковски – Доне.
Сочувство до семејството, нека почива во мир“, објави Ракометната федерација на Македонија.
Бошковски е роден на 5 октомври 1974 година.
Како играч тој настапувал за составот на Работнички и за кадетската репрезентација на Македонија а играчката кариера ја завршува млад поради повреда на раката.
Во својата кариера беше тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш. Последниот ангажман го имаше на Косово. Од периодот од 20008 до 2013 беше дел и од стручниот штаб на ракометната репрезентација на Македонија.