„Осми ден трае молкот од ВМРО-ДПМНЕ за евентуалната позврзаност на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски со спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје“ соопштија денеска од владејачката СДСМ.
Од партијата велат дека „Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот директор и поранешен шеф на кабинетот на Мицкоски, Златко Перински со денови меѓусебно се обвинуваа за наводни криминали за тендерот од 136 милиони евра“.
„За сето тоа време, Мицкоски молчи и не одговара на јавно поставените прашања за негова наводна поврзаност. Јавноста периодов сведочи на кулминација на внатрешните превирања и корупциски скандали вредни над 136 милиони евра со заеднички именител – пари. Тоа е тендерската матрица на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не се грижи за интересите на граѓаните туку единствено за бизнис интересите на поединци“ соопштуваат од СДСМ.