Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот на собранието Гаши со кинеската амбасадорка Џианг Сиаојан

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан.

Претседателот Гаши беше дециден дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, со поддршка на концептот „Една Кина“.

Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора светска економска сила, е најголемиот трговски партнер на нашата земја надвор од Европа. Во Собранието традиционално се формира Пратеничка група за соработка со Кина, која претставува линк меѓу Парламентите на двете држави.

Соработката се одвива на сите полиња, како економија, инфраструктура, бизнис, образование, култура, спорт, а во насока на продлабочување на истата во корист на граѓаните, се и заложбите и иницијативите на амбасадорката Сиаојан.

Кинеската амбасадорка пренесе покана до претседателот Гаши за посета на Кина од страна на претседателот на Сенародниот кинески конгрес, што беше прифатено и оценето како огромна придобивка во зајакнувањето на парламентарните односи.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК