8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Стотината нововработени во скопски Водовод од утре дома

Стотина вработени со договор на дело ангажирани од разрешениот директор и негови сопартијци, новиот директор на скопски водовод нема да им ги продолжи договорите кои им истекуваат утре.

Во водовод коментираат дека наводно се работи за партиски војници на вмро дпмне. Ова е епилог од војната на релација градоначалнилката Арсовска со екс директорот Перински и врвот на ВМРО ДПМНЕ, партија која застана зас нејзината кандидатура и и овозмози да седне на градоначалничката фотелја.

Кавгата настана за тендерот за пречистителна станица за вода кој се финансира со кредит од околу 13 милиони евра.

Таа изрази сомнеж дека Перински влијае на изборот на фирма која ќе ја гради станицата и во минатиот петок го разреќи од позицијата директор на Водовод. Новоназначениот директор според извори во претпријатието нема да им потпише догоговори на стотина ангажирани со договор на дело, за кои како што велат биле од ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +

Курсна листа за 28.08.2025

ДЕСК

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК