22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

Една година од локалните избори на виделина е вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје како и во општините на главниот град. Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, гледаме кулминација на една брутална кавга помеѓу Мицкоски и Арсовска. Само за лични, партиски и бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ, изјави Васко Кичевски, претседател на ГО СДСМ – Скопје.

„ Со денови, јавноста слуша меѓусебни обинувања за тендери, пари, влијание, неработа и криминал. Тендер вреден 136 милиони евра е причина за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски. Очекуваме сите надлежни правосудни органи да ги истражат сомнежите за криминал и да следува одговорност.

Ниту СДСМ ниту граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не. Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема.

Една година помина Скопје стои во место. ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период намерно ја сопре реализацијата на стратешките проекти во градот како што е БРТ системот, мостот во Аеродром, на Љубљанска, Универзална сала. Го загрози дури и проектот за прочистителна станица…сите важни за скопјани.

Досега Аросвска им беше супер, одеднаш не им одговара, не била нивна. Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник. Дури и потписите и ги собраа. Заедно одеа на митинзи, на собири, на средби се фалеа и бараа поддршка од скопјани. Пари, бизнис зделки и влијанија, друго не го интересира Мицкоски. Тоа е причината за јавните препукувања и ништо друго.

За жал, како во лош филм на Скопје му се случува репризата на криминалното ВМРО-ДПМНЕ со силен удар врз развојот на градот. Истко како што ВМРО-ДПМНЕ го осакати главниот град со криминалната пералница на пари Скопје2014, сега му се заканува нова катастрофа. Скопје2014 му ја приреди Груевски, катастрофата Скопје2024 ја приредува Христијан Мицкоски.

СДСМ ќе направи се тоа да не се случи. СДСМ е на страната на скопјани и ќе продолжи одговорно да делува во советот на Град Скопје, во јавноста, бранејќи ги интересите на граѓаните“ рече Кичевски.

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

ОВОЈ ЗНАК ЌЕ СЕ ЗБОГАТИ ВО ОКТОМВРИ: Го чека голем прилив на ПАРИ

M T