Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи-Рибеиро: Разменети мислења за состојбата со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ

На средбата беа разменети мислења за состојбата поврзана со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ. Воедно, беше констатирано дека руската агресија врз Украина има сериозни импликации врз медиумските слободи и безбедноста на новинарите ширум ОБСЕ просторот.

“Политиките кои произлегуваат од хуманата димензија на ОБСЕ денеска имаат извонредно значење, во светло на континуираната борба за заштита и промоција на човековите права и основните слободи“, нагласи Османи на средбата.

Османи изрази недвосмислена поддршка за активностите кои ја промовираат слободата на изразување, и подготвеност за натамошно унапредување на медиумското опкружување и услови за работа на новинарите.

Можеби ќе ве интересира

Закани за наводно поставени бомби во училишта, констатирано е дека пријавите се лажни

ДЕСК

Во една мултиетничка општина, етничките поделби не се најдобра стратегија, порача Касами

ДЕСК

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК