10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

135 санкционирани возачи во Скопје, 11 без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 11 мерки за нерегистрирани возила, две санкции за возач почетник, 10 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +