23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Маржата за трговија со струја ограничена на 10% во интерес на компаниите, училиштата и други субјекти

„Владата предводена од СДСМ презема јасни, навремени и ефикасни чекори за надминување на последиците од енергетската криза.

Редовно и непречено снабдување со струја но и заштита на стандардот на граѓаните и компаниите се врвните приоритети за Владата во време на најголема светска енергетска и економска криза.

Во таа насока е и Одлуката што Владата ја донеса а со која највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10%.

На тој начин им се излегува в пресрет на компаниите и потрошувачите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар,

Ова значи сериозно намалување на трошоците за електрична енергија на компаниите, училиштата и други субјекти кои добиваат струја од слобдниот пазар.

Како одговорна партија продолжуваме да наоѓаме решенија за справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза, но и да ги помагаме граѓаните, компаниите и сите други кои имаат потреба од поддршка.“

Соопштение на СДСМ