14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Ако сакате да пиете кафе во угостителски објект, ќе треба да си одвоите повеќе пари: Зголемување на цените на пијалоците и храната

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2022 година во однос на истиот период лани е зголемен за 9,9 отсто, додека во однос на декември 2021 година за 8,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2022
година во споредба со јули 2022 година е зголемен за 0,7 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1 процент, Алкохолни пијалаци за 0,4 и Безалкохолни пијалаци за 0,3 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2022 година во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 16,7 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Финансиската писменост е важна животна вештина за сите

ДЕСК

Курсна листа за 14-ти октомври 2025

ДЕСК

ИНОВА И ССК со ново партнерство кон зајакнување на македонскиот еко систем

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.