16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Прeтпладне сончево, попладне променливо облачно и нестабилно

Прeтпладне сончево со мала до умерена облачност.

Попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

УВ=6

Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +