Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

167 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за непрописно престигнување и обиколување…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.