Една жена откри како да ги отстрани гребаниците од дрвените површини со само една состојка – орев.
Во видеото што го објави, таа објасни дека случајно си ги изгребала дрвените подови, но дека слушнала дека оревите помагаат со тие белези.
Затоа решила да тестира неколку различни јаткасти плодови: ореви и ф’стаци. Открила дека оревот ја завршил најдобрата работа.
Многумина беа воодушевени од нејзината едноставна техника, но и коментираа дека едвај чекаат да го пробаат трикот.