22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

Овие 5 нешта е најдобро да се премолчат дури и во најсреќната врска

Иако меѓусебната доверба и искрената комуникација се клучни за успехот на врската, постојат работи за кои едноставно не се зборува.

Звучи како шема, но во некои случаи тишината е навистина златна.

Дури и ако се чувствувате виновни што нешто премолчивте од партнерот, имајте ги на ум последиците што би ги предизвикале доколку зборувате сè што мислите.

Пет работи кои е подобро да ги премолчите заради мирот во куќата:

1. Мислење за неговите или нејзините родители

Прашањето за родителите на партнерот е особено чувствително и тука треба да се биде внимателен. Ако му кажете дека не ви се допаѓа неговата мајка или татко, само ќе создадете непотребна тензија меѓу вас. Ваквите зборови од партнерот само ќе болат, па замислете како би било кога ситуацијата би била обратна, советуваат брачните терапевти.

2. Работи од минатото

Сосема е добро да споделите некои работи од минатото, но треба да знаете каде е линијата. Партнерот не треба да знае што сте направиле со бившиот и не се препорачува да ги споредувате. Со тоа само ја омаловажувате вашата врска и давате до знаење на вашата поубава половина дека не е доволно добра.

3. Коментари за домашните работи

Нема потреба да ги миете садовите или да ги соберете алиштата, тоа ќе го направам сам/а – овие зборови, иако навидум бенигни, всушност го ставаат партнерот во неповолна положба. Го третирате како дете и му давате до знаење дека ништо не може да направи како што треба.

4. Број на сексуални партнери

Брачните терапевти предупредуваат дека е најдобро да не се споменува бројот на сексуални партнери со кои сте спиеле пред да стапите во врска. Зборувањето за тоа може да предизвика превирања во врската, па дури и да го натера партнерот да се премисли. Сето ова најчесто е последица на стравот дека партнерот ќе испадне или премногу или премалку искусен на тоа поле.

5. Коментари за изгледот

Ќелавост, висина или влакнест – тоа се работи на кои не може да се влијае и подобро е да се премолчи за нив. Партнерот може да помисли дека сакате да го промените, дека не ве привлекува или дека не е доволно добар за вас. Тие зборови можеби ќе му звучат како критика, па затоа е подобро да ги избегнувате.

Можеби ќе ве интересира

Хемија или компатибилност – што е поважно за успешна врска

M T

Хороскопски знаци во кои се родени момци за сериозна врска

M T

Признавањето на сопствените грешки е тешко: 10 знаци дека всушност ВИЕ сте проблем во вашата врска

M T

3 типа на жени со кои мажите не можат долго да издржат

M T

Клучни знаци откриваат дали вашата врска ќе успее: Пеперутките во стомакот не се доволни

M T