23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Американските бомбардери Б-52 со прелетот над Скопје го демонстрираа силното сојузништво во НАТО

Два воени воздухоплови од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатланската област.

Во однос на прелетот на двата американски бомбардери потполковникот Јован Азмановски од Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.

„Денеска, граѓаните на Скопје и Северна Македонија можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, кои што го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците”- рече потполковникот Азмановски.

Бомбардерите Б-52 во Северна Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар. Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.