Потонаа нарачаните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, гласањето во саботата потврди дека анкетите кои си ги нарачува оваа партија немаат врска со реалноста. ВМРО-ДПМНЕ на изборите за градоначалник на општините Маврово Ростуше и Центар Жупа доживеа дебакл a во Тетово има пад на гласовите. Со разлика од 1.300 гласа кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ беше поразена и во Центар Жупа, каде ги бојкотраше изборите, надевајќи се дека ќе проpаднат, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови. СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово кадешто има над 80.000 гласачи.
Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка од граѓаните а анкетите што ги нарачува неточни и погрешни, се вели во соопштението.