23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каевски: Сите обиди за намерни провокации ги осудуваме, никој нема да го загрози концептот едно општество за сите

Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Прашање: Како го коментирате ставот на ВМРО-ДПМНЕ каде велат дека според нив на партиската прослава на ДУИ и СДСМ пред два дена, присутните на настанот го исвиркаа македонскиот јазик. Ова според нив било уште едно понижување за нашиот јазик, покрај она, кој оваа ненародна власт го расподава во преговорите со Бугарија.

Одговор: Ваквите провокации што доаѓаат од поединци се случуваа за жал многу често во минатото, се случуваат и сега. Разликата е во тоа што во минатото таквите провокации беа иницирани, поддржани и мотивирани од власта, сега сликата е поинаква. Ние како влада го креиравме и концептот едно општество за сите каде заедништвото и различностите се почитуваат и тоа придонесува за развој на нашето општество. Ги повикуваме сите поединци што шират вакви провокации и не и мислат добро на нашата држава, да престанат, бидејќи нема да не демотивираат, туку повеќе ќе не мотивираат да се бориме за концептот едно општество за сите да заеднички го развиваме и бидеме дел од прогресот на државата. Ги осудуваме сите оние кои на ваков начин на провокации ќе се обидат да предизвикаат штета на македонски јазик или било кој друг јазик во нашата држава или било кој друг етникум, затоа што овие провокации нема да донесат ништо добро во нашето општество. Затоа продолжуваме во насока да ги подобруваме односите во државата и концептот едно општество за сите и понатаму ќе функционира во насока за развој на нашата држава.