21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Демантирани лагите на опозицијата – објавени првите препораките со реципроцитет за двете земји

Со објавувањето на препораките за владите на Северна Македонија и Бугарија од страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања се демантираа сите лаги и обвинувања за работата на оваа комисија.

Комисијата, врз основа на факти, аргументи и наука, со консензус ги донесе препораките со кои и двете земји треба да направат одредени подобрувања во учебниците по историја, но даде и препораки за заедничко одбележување на некои историски личности.

Наспроти обвинувањата дека оваа комисија ќе ја бугаризира земјава, нивните препораки се однесуваат за подобрување на содржините во учебниците во двете држави, со реципроцитет.

Се препорачува менување на учебниците за петти клас во Бугарија, како и за учебникот за шестто одделение во Северна Македонија. Ваквите измени се препорачуваат за избегнување на неосновани историографски сугестии за античката историја, фактографски непрецизности, како и за недостатоци во историската географија при користење на картите кои што не соодвестуваат со конкретното историско време и контекст.

Историчарите од двете држави им препорачуваат на владите во Скопје и Софија, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил да ги одбележуваат и чествуваат заеднички во знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство.

Комисијата истакнува дека овие личности имаат дела кои оставиле траг во културата на двете земји, поради што тие се слават и почитуваат од граѓаните од двете држави.

Спонзорирано: