26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За брзо возење или под дејство на алкохол ќе се казнува со затворски казни до три години

Министерството за правда предлага нов член „Безобѕирно управување со моторно возило“, кое би се водело како кривично дело и би можела да се добие затворска казна до три години.

При возење под дејство со повеќе од 1,50 г/промили во крвта или под дејство на дроги и психотропни супстанци, како и возење во забранет правец, претекнување колони возила на непрегледно место и возење со над 70 км/ч ќе се казнува како кривично дело и се предвидуваат парични или затворски казни.

Министерството за правда смета дека со вакви промени на законот ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се намали бројот на жртви.