Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Лукаревска од Тетово: Потребни се повеќе советници од СДСМ во Советот на Тетово, за да туркаат напред и да ги решаваат проблемите

„Во политичката консталација во овој момент е битно во Тетово да има повеќе советници од СДСМ, за да може да туркаат напред, да бидат гласни и да ги кажат и решат вашите проблеми“ изјави заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на претставувањето на советничката листа на СДСМ и коалицијата за изборите во општина Тетово.

Таа додаде дека кандидатите за советници се луѓето пред кои градоначалникот ќе мора да биде отчетен и транспарентен и нема да дозволат Советот да биде покритие за лажни ветувања.

„Овие советници ќе нудат решенија за скојденвните, но и најважните проблеми од вашето живеење. Да не дозволиме општината да биде парализирана и понатаму и некој да има нефункционален совет. Гласајте за број 1 за никој да не биде над вашиот глас, туку да биде во полза на вашиот глас“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека убавите улици, тротоари, паркови и чист воздух не се политика, туку обврска која ќе ја имаат идните советници и рече дека советниците од СДСМ нема да калкулираат за да ја имаат наклонетоста на градоначалникот, туку ќе се борат за да ја оправдаат довербата на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК