16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски од Крушево: Илинден е нашата сила за современа, модерна, економски развиена европска земја

„Илинден е нашата сила за современа, модерна, економски развиена, европска Република Северна Македонија. Водени од заедничката борба во која се положувале животи за сестрите и браќата од сите народи, се обединивме сите во едно и еднакво општество за сите, без исклучок, рамноправни пред законите“ рече во неговиот говор на Мечкин камен, премиерот Димитар Ковачевски.

Тој рече дека илинденската и асномската идеја за светла и перспективна македонска иднина ја имаат и генерациите од денешнината и од неа нема назад, само напред.

„Илинден е нашата сила да градиме заедничка држава, без предрасуди и интегрирана во Европа, рамо до рамо со демократиите во светот“ потенцираше Ковачевски.

Премиерот рече дека заедништвото со кое илинденците и асномците ги добиле нивните битки е заштитен знак и на современата заедничка држава што ја градиме и низ кое заедништво ги надминуваме предизвиците на нашето време, добивајќи ги нашите битки.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК