2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Славата и делата на илинденските херои се нашата сила за иднината

„Славата и делата на илинденските херои, се нашата сила за иднината, тие се доказ дека секоја борба вреди, кога се има вредна цел“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на прославата на Илинден во Крушево.

Тој рече дека ако треба накусо да се одговори што е тоа што Никола Карев, Питу Гули, Гоце Делчев или кој било од нивните современици и сомисленици ги прави големи – тоа се тие самите, но пред се поради тоа што зад себе оставиле заедничка и обединувачка идеја.

„Крушевската Република е идеја за автономна Македонија. Антифашистичката борба е идеја за слободна Македонија. На илинденските идеи од 1903 и 1944 година, во 1991-та година, се поставени темелите на самостојна и суверена Република Македонија. На илинденските идеи од 903-та и 44-та ја градиме и современа и перспективна Република Северна Македонија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека и покрај различните предизвици од независноста до денес, ние се боревме и продолжуваме да се бориме за заеднички напредок кон стратешките цели и квалитетот на живот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево – Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија!

ДЕСК

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК