Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: На илинденските идеи од 903-та и 44-та градиме современа и перспективна држава

Крушевската Република е идеја за автономна Македонија. Антифашистичката борба е идеја за слободна Македонија. На илинденските идеи од 1903 и 1944 година, во 1991-та година, се поставени темелите на самостојна и суверена Република Македонија. На илинденските идеи од 903-та и 44-та ја градиме и современа и перспективна Република Северна Македонија“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на прославата на Илинден во Крушево.

Тој додаде дека и покрај различните предизвици од независноста до денес, ние се боревме и продолжуваме да се бориме за заеднички напредок кон стратешките цели и квалитетот на живот.

„Постигнавме членство во НАТО. Ги осигуравме границите на државата, со меѓународно признаен територијален интегритет. И зачекоривме, одлучно, како никогаш досега, кон нашата следна цел – полноправно членство во Европската Унија, со признаен чист македонски јазик и македонски идентитет. Продолжуваме одлучно по европскиот пат, бидејќи тоа е патот на иднината и прогресот“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека илинденската идеја има континуитет низ вековите и ги поврзуваме нашето минато, сегашноста и иднината, бидејќи се покажала како функционална и државотворна.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +