9.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Купивте мелено месо, а не го искористивте истиот ден: Еве колку долго може да остане во фрижидер

Сировото мелено месо може да се чува во фрижидер најмногу два дена, по што треба да се готви или замрзне. Најдобро би било да го чувате на најниската полица каде што е најладно и каде соковите не можат да контаминираат друга храна.

Ако веќе сте го подготвиле, готовиот сад со мелено месо може да се чува три до четири дена во фрижидер, тврди американското Министерство за земјоделство.

Иако побавно, и во него се развиваат бактерии. Затоа замрзнувачот е најдобрата опција – таму може да остане три до четири месеци ако е сирово, додека рокот на траење на готовото е два до три месеци.

Можете да го чувате во оригиналното пакување до две недели, по што би било добро пакувањето да го завиткате со најлонска фолија за да не навлезе воздух.

Можеби ќе ве интересира

МЕЛЕНОТО МЕСО ИМА РОК НА ТРАЕЊЕ И КОГА СЕ СТАВА ​​ВО ЗАМРЗНУВАЧ: Доколку е оставено подолго од ОВОЈ ПЕРИОД, слободно фрлете го

M T

Колку често треба да ја менуваме четката за заби? – Во овој случај, заменете ја ВЕДНАШ

M T

Овој дел од телото е највалкан и ретко кој редовно го мие

M T

Вистинска почва за бактерии: Компјутерското глувче 11 пати повалкан од тоалетната школка

M T

ПРЖЕНИ ШНИЦЛИ од зелка и мелено месо: Ручек кој ќе ве чини помалку од 500 денари

M T

Еве што се случува со бактериите ако ја перете облеката на 30 или 40 степени

M T