Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен пробиштипјанец кој мамел жени од Битола, следува соодветна пријава

На 28.07.2022 во 09.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода Д.М.(31) од Пробиштип. Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022.

Тој бил спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Се судрија цивилно и полициско возило, има повредени

ДЕСК

Се судрија камион и трактор, има повредени во Виничко

ДЕСК

18. годишна девојка со мерцедес излета од патот, со тешки повредени пренесена во болница

ДЕСК