22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Талески: Усвоен Законот за служба во Армијата, подобри услови за работа и пензионирање на војниците

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, откако ова законско решение цела година беше блокирано од страна на опозицијата. Овие измени и дополнувања обезбедуваат сериозни придобивки за припадниците на Армијата. Следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2.000 денари, изјави на денешната прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Тој додаде дека професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата. За активниот воен и цивилен персонал се предвидува исплата на боледување во висина од 100 % од основната плата и додатоци на плата, а се воведуваат поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата. Придобивки има и во делот на пензионирање на војниците.

Талески наведе дека од сега, војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста. Има и нова пресметка за активен воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата, во висина од 80% од најповолните 10 години од пензискиот стаж.

Талески истакна дека со измените се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1000 евра за секоја година помината во службата. Она што исто така е важно е тоа што со законските измени се регулира областа на професионалност, непристрасност и законитост во вршењето на должностите во Армијата и во Министерството за одбрана, на политички неутрален начин.

Законот децидно предвидува дека во Армијата нема место за партиско дејствување и можеби токму ова беше причината зошто ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани се обидуваше да го закочи носењето на овој Закон.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство ќе продолжи да инвестира во одбраната, во човечкиот капитал и во сето она што е важно за државата, додаде Талески.

Можеби ќе ве интересира

Митрески: Aнтифашизмот мора да важи и за политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ да не молчи за законот од СДСМ

M T

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

M T

Петровска-Брнз: Соработката помеѓу САД и Северна Македонија на највисоко ниво, заеднички го менуваме ликот на Армијата

M T

Ангеловска-Бежоска и Бесими: Системскиот Закон за платежни услуги и платни системи стапува во сила на почетокот на следната година

M T

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T

Тупанчески: Недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем

M T